Денес беа формирани двојките за завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија.
Еурофарм Пелистер ќе излезе на мегдан со Пролет 62, а бранителот на трофејот, Вардар 1961 ќе игра против Алкалоид. Мечевите од полуфиналето ќе се одиграат на 11 мај во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Финалниот натпревар ќе се одигра в сабота на 13 мај.