Младиот кружен напаѓач на Струга, Петар Маркоски, е првото засилување на Еурофарм Пелистер 2 за новата натпреварувачка сезона 2023/24. Стружанецот се договори со битолскиот клуб на соработка, со важност до 2026 година.
Неговиот договор ќе стапи на сила од почетокот на сезоната 2023/23.
Еурофарм Пелистер 2 на позицијата кружен напаѓач ги има на располагање Самоил Ристевски и Христијан Ристевски, откако Филип Арсеновски по регуларниот дел од сезоната замина во Амичитија Цирих.