Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2 25-22 (13-12)
Во еден од најдобрите натпревари во плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 загуби на теренот на шампионто Еурофарм Пелистер 2 со 25-22, и покрај одличниот прв дел. Еурофарм Пелистер 2 одигра одлично прво полувреме против Вардар 1961, одлично се носеше со шампионот, на паузата црвено-црните имаа предност од само еден гол разлика, беше 13-12.
Вардар мораше да заигра многу посериозно за да не ја доведе во ризик планираната победа. Тоа и се случи во вториот дел. Вардарци влегоа со серија од 4-1, дојдоа до 17-13 и потоа рутински ја одржуваа разликата до самиот крај за победа од 25-22.
Најефикасни во таборот на победникот беа Талески со седум и Георгиевски со пет погодоци, додека за Пелистер 2 се истакнаа Павле Петровиќ со пет и Иван Димитровски и Мартин Ивановски со по четири гола. Иако настапија без повредените Ненад Белистојановски и Самоил Ристевски, битолчани демонстрираа силен отпор против шампионот.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (11. коло)
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2 25-22 (13-12)
Спортска сала „Јане Сандански“
Гледачи: 300
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски
Вардар 1961:
Томовски, Гогов, Манасков 4, Јагуриновски, Стоилов 1, Аларов, Моралес 4, Георгиевски 5, Карапелевски 1, Лазаревски 3, Талевски 7, Дутра Фереира, Стојановски, Марковски, Ќосевски, Мишевски
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица 1, Ангелески, Мулиќ, Бошњак, Митревски 3, Димовски 1, Димитровски 4, Талевски, Петровиќ 5, Ѓорговски 2, Ивановски 4, Х. Ристевски, Мијушковиќ, Блажевски 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути
Во следното 12. коло од разигрувањето за титула, Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе го пречека Тиквеш следниот викенд во Битола.