Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 31-26 (15-13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Еурофарм Пелистер со 31-26 во битолското дерби како дел од 10. коло во македонската Суперлига. Помладиот од двата тима имаше сила само за едно полувреме против поискусните кои по 30 минути игра имаа предност од само два гола разлика 15-13.
Во вториот дел избраниците на Александар Јовиќ ја покажаа разликата во квалитет. Почнаа фуриозно и веќе по 45 минути имаа предност од осум гола разлика 25-17. До крајот само рутински го приведоа мечот за нов триумф во домашниот шампионат. Ненад Костески со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените седум постигна Павле Петровиќ.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (Десетто коло):
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 31-26 (15-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Саше Јанкуловски и Мартин Јовановски
Еурофарм Пелистер:
Кизиќ, Ристевски, Ојлески, Кузманоски 3, Радовиќ, Танкоски, Хосни, Костески 8, Дејвис 3, Петар Атанасијевиќ 3, Васиљев 5, Суси 2, Хенеберг, Павле Атанасијевиќ 1, Стевановиќ 6
Седмерци: /
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Ангелески, Мулиќ, Бошњак 1, С. Ристевски, Димитровски 2, Митревски 4, Димовски 4, Талевски 5, Петровиќ 7, С. Ристевски 1. Мијушковиќ, Блажевски 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Во следното 11. коло Еурофарм Пелистер гостува кај Пролет, а Еурофарм Пелистер игра на теренот на Еурофарм Пелистер 2.