Алкалоид - Еурофарм Пелистер 27-28 (15-16)
Еурофарм Пелистер ја преживеа Автокоманда, каде му гостуваше на дебитантот во суперлигашката ракометна конкуренција Алкалоид и со овој триумф (27-28). Сега Вардар 1961 и Пелистер се колидери со по 27 бода, па за титулата најверојатно ќе решава нивната меѓусебна пресметка во Битола.
Целиот меч беше изедначен и долго време екипите се менуваа во водството, без некој да поведе со повеќе од плус два. Фаворитот од Битола сепак на пауза замина со минимална предност 15-16.
Неизвесноста продолжи и во второто полувреме. Мечот влезе во неизвесна завршница иако Пелистер ја искористи кризата на Алкалоид и стекна предност од тр гола во 50. минута, но и тоа не му беше доволно за мирна завршница. Алкалоид се врати во игра, израмни, но на крајот не го избегна и поразот. Хененберг на пет секунди до крајот го постигна победносниот гол, а за Алкаколид остана малку време да возврати, Хененберг го заврши мечот со шест гола, колку што постигнаа и Васиљев и Хосни, додека кај Алкалоид по пет постригтнаа Митев и Симоновски.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (Деветто коло):
Алкалоид - Еурофарм Пелистер 27-28 (15-16)
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев
Алкалоид:
Трајковски, Галевски, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ 3, Серафимов 4, Стојковиќ, М. Митев 5, Ѓорѓиев 3, Иваноски, Симоноски 5, Омерагиќ, Тодески, Кофиловски 3, Петковски 3, Савревски
Седмерци: 8/5
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 1, Кисум, Радовиќ 1, Танкоски, Хосни 6, Костески 2, Дејвис, Кукоски, Петар Атанасијевиќ, Васиљев 6, Суси 1, Пешевски 3, Хенеберг 6, Павле Атанасијевиќ 2
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 8 минути
Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер како домаќин го игра градското дерби со Еурофарм Пелистер 2.