Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 24-25 (11-11)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 несреќно загуби со 24-25, во дуелот од деветтото коло на плеј-офот. Босанскиот интернационалец Павле Петровиќ беше шутерски расположен во дуелот со тимот на Грчевски и отвори со шест последователни гола. На одмор се замина со 11-11, но потоа следеа грешките и Бутел Скопје се одлепи на +5. Сепак, Митревски и Петровиќ го вратија тимот на Зарков до 24-24. Сепак, во последниот напад Младеновски со многу голема доза на среќа го постигна голот вреден победа за Бутел Скопје.
За Еурофарм Пелистер 2 се истакна Петровиќ со десет погодоци, а по три постигнаа Ѓорговски, Митревски и Ивановски.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (Деветто коло):
Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 24-25 (11-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Ангелески, С. Ристевски 2, Х. Митревски 3, Димовски, Димитровски, Талевски 2, Петровиќ 10, Ѓорговски 3, Ивановски 3, Х. Ристевски, Мијушковиќ, Блажевски 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути
Бутел Скопје:
Блажевски, Цветковски, Субашевски, Младеновски 3, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Николов 2, Мојсоски, Спасовски 2, Стојчевиќ 1, Манасков 1, Михајловиќ 2, Мајиќ 12, Давитковски 1, Таневски, Јовевски
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 12 минути
Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 играат второ градско дерби во плеј-офот.