Татран Прешов - Еурофарм Пелистер 26-36 (10-20)
Еурофарм Пелистер немаше никакви проблеми на реванш дуелот во четвртфиналето од СЕХА лигата против Татран Прешов и оствари убедлива победа од 26-36. Пелистерци на првиот дуел триумфираа со 37-29 и многу лесно обезбедија пласман во следната фаза од регионалното натпреварување.
Со оваа победа пелистерци го обезбедија пласманотна завршниот турнир на СЕХА лигата, втора година по ред и во полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Партизан и Веспрем. Уште на стартот кога битолчани се одлепија на 1-5, а кон крајот на првиот дел дојдоа до максимални 7-19.
Еурофарм Пелистер во второто полувреме продолжи со исто темпо. Предноста на гостите во 40-та минута беше 24:16 и во остатокот од дуелот домаќините не можеа да ја преполоват негативата. Црвен картон во 47-та минута заработи капитенот Мирко Радовиќ поради груб старт на еден од домапните ракометари.
Костески даде единаесет гола беше најефикасен, а Дарко Стевановиќ погоди седумпати. Марко Кизиќ собра девет интервенции.