b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_04_mario.jpg

Еурофарм Пелистер денес во Прешов треба да го завери својот пласман на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Битолчани на првиот меч на домашен терен славеа со убедливи 37-29, па оваа разлика треба да биде доволна за остварување на една од трите цели оваа сезона – место меѓу најдобрите четири екипи во регионалното натпреварување.

Иако ракометарите на Пелистер треба да бранат осум гола разлика, сепак се внимателни, знаат дека истата може да биде стопена доколку се опуштат.

Александар Јовиќ
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Нè очекува тежок натпревар. Одлучивме да одмориме 3-4 наши ракометари, кои беа преоптеретени во овој дел на нашето првенство и во СЕХА лигата. На овој натпревар ќе им дадеме поголема шанса и на помладите играчи и на оние кои имаа помала минутажа досега.

Марио Танкоски
(РК Еурофарм Пелистер)

Осум разлика носиме во Прешов, но тоа не е ништо. Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме.

По натпреварот во Прешов ни следи дерби во Автокоманда против Алкалоид. Многу ни е важен тој натпревар, но нема да биде лесно. Мора добро да се спремиме, ако сакаме на седми март против Вардар 1961 во Битола да се бориме за титула.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723