РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека потпиша нов двегодишен договор со ракометарот Павле Петровиќ. Десниот бек, кој веќе трета сезона го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од сезоната 2023/24 ќе настапува за Еурофарм Пелистер.
23-годишниот интернационалец од Босна и Херцеговина се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за Еурофарм Пелистер.
Павле Петровиќ
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Тука су веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи.
Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот.