Охрид – Еурофарм Пелистер 2 26-21 (12-10)
Првото полувреме беше речиси израмнето. Екипите се менуваа во водство во повеќе наврати, се до финишот на првиот дел, кога Охрид стигна до +2, предност со која се отиде на пауза. Во вториот дел охриѓани ја заиграа препознатливата цврста одбрана.
Еурофарм 2 Пелистер во продолжението тешко го наоѓаше патот до голот на расположениот Миленковиќ, предноста на Охрид се зголемуваше. Домаќинот рутински го приведе мечот до крај, а Пелистер успеа да го намали поразот, втор од Охрид во разигрувањето.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (осмо коло)
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 26-21 (12-10)
Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Охрид:
Миленковиќ, Василевски, Речкоски, Цејовиќ, Рустамов, Дрогришки 1, К. Андоноски 1, Д. Андоноски 3, Ристески, Тасески, Вјештица, Шешиќ 3, Каракоч 1, Бојаниќ 5, Цирар 12
Седмерци: 7/6
Исклучувања: /
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Јовановски, Ангелески, Бошњак, С. Ристевски 3, Димовски, Димитровски 3, Талевски, Ивановски 4, Буторац 1, Белистојановски 2, Х. Ристевски, Мијушковиќ 4, Блажевски 2, Петровиќ 2
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 8 минути
Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува тимот на Бутел Скопје.