Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 26-18 (15-11)
Еурофарм Пелистер ја оправда на дело фаворитската улога против Бутел. Битолскиот тим на домашен терен го совлада скопскиот состав со 26-18 (15-11) во рамките на осмото коло во плеј-офот.
Гостите добро се држеа во првиот дел, беа рамноправен противник до пред одморот, кога противникот со серија од 5-2 зголеми на 15-11 на полувремето. Во вториот дел од мечот сликата се промени, ракометарите на Пелистер „притиснаа“ онолку колку што беше доволно за да дојдат до поголема позитива за мирен финиш.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (осмо коло):
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 26-18 (15-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии. Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Делегат: Игор Огненов
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Кузманоски 1, Кисум 1, Радовиќ 2, Танкоски 4, Костески 8, Дејвис 1, Кукоски 1, Петар Атанасијевиќ 1, Васиљев 1, Суси, Пешевски 2, Хенеберг, Павле Атанасијевиќ 2, Стевановиќ 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Бутел Скопје:
Блажевски, Субашевски, Младеновски, Стојановски, Ѓеоргиевски, Мојсоски 2, Спасовски 1, Манасков 1, Михајловиќ, Цветковски 2, Мајиќ 8, Давитковски 3, Таневски, Стојчевиќ 1
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 2 минути
Во следното деветто коло, Еурофарм Пелистер в четврток гостува во Скопје против Алкалоид.