Еурофарм Пелистер на првиот четвртфинален натпревар против Татран Прешов во регионалната СЕХА лига триумфираше убедливо со 37-29. Данецот Себастијан Хенеберг беше еден од клучните играчи во битолскиот тим, имаше 100% реализација, постигна осум гола од исто толку обиди.
Искусниот ракометар беше задоволен од денешната игра против словачкиот шампион и смета дека заедно со неговите соиграчи треба да продолжат да играат во ист стил.
„Одличен ракомет, фантастична победа. Мислам дека направивме голем чекор за пласман во следната рунда од ова натпреварување. Нашиот почеток на натпреварот беше фантастичен, постигнавме многу голови и ова е начинот како треба да играме оваа сезона“, рече данскиот ракометар.
Следниот дуел за пелистерци е натпреварот од плеј-офот против Бутел Скопје в сабота, а веќе в понеделник следува реваншот против Татран Прешов во СЕХА-четвртфиналето.