Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија убедлива победа (37-29) над Татран Прешов во првиот четврт-финален дуел од СЕХА лигата. Битолскиот тим треба да патува и на реванш во Словачка, но тренерот Александар Јовиќ е задоволен од играта и триумфот.
„Имавме одличен ангажман во фаза на одбрана, бевме агресивни, ги затворивме сите нивни акции што ни донесе ленси голови во транзиција. Голема благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа што ја покажаа против квалитетен ривал“, рече Јовиќ кој ја замоли публиката за поддршка во следните два месеци во битките кои ги очекува битолските „зелено-бели“.
„Сакам да искажам благодарност до публиката што дојде до толкав број. Но, би сакал да ги замолам и да им кажам дека нам во овие два месеци ни се потребни сите играчи. Многу ја сакам Битола, го сакам клубот и мислам дека заедно имаме големи шанси да ги оствариме целите. Затоа би замолил овие два месеци да се сплотиме. Хосни ни е потребен како играч, и моја молба до публиката е да ни даде поддршка и јас ветувам дека нема никој да ги изневери“, изјави Александар Јовиќ.
По доаѓањето на Јовиќ и Шундовски, Еурофарм Пелистер славеше на сите домашни натпревари.