Еурофарм Пелистер - Татран Прешов 37-29 (20-17)
Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над словачкиот Татран Прешов со 37-29 (20-17) во првиот меч од четвртфиналната рунда во СЕХА лигата. Пелистерци добро го отворија мечот и по деветминути игра има пет гола предност во финишот да дојдат до највисоки +7 (15-8 и 17-10) Ваквото водство како да доведе до опуштање на битолчани, па на противникот му дозволија на големиот одмор да отиде само со три негатива (17-20).
И во вториот дел, беше променливо. Пелистер имаше +5, па словачкиот шампион со серија од 4-0 во 49. минута дојде и еден негатива 28-27. „Зелено-белите“ возвратија со иста мерка за водство 32-27. До крајот на мечот пелистерци ја зголемија предноста и на крајот славеа со осум гола разлика (37-29).
Најефикасен во екипата на Пелистер беше Ненад Костески со десет, додека Хенеберг и Кисум придодадоа по осум, односно шест гола. Возвратниот натпревар во Словачка се игра в понеделник од 16:00 часот.