Пролет – Еурофарм Пелистер 2 25-26 (10-14)
Еурофарм Пелистер 2 забележи нова победа во ракометниот плеј-оф, на гостински терен славејќи против екипата на Пролет со минимални 25-26. Битолчани го контролираа резултатот во поголем дел од мечот и заслужено се радуваа на крајот, одмаздувајќи му се на тој начин на скопскиот клуб за поразот во финалето од групата во Купот на Македонија.
Во победничкиот тим најефикасни беа Петровиќ со седум погодоци, пред Белистојановски со пет постигнати гола.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф – седмо коло
Пролет – Еурофарм Пелистер 2 25-26 (10-14)
Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 300
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Пролет:
Петковски, Тотиќ 3, Василевски 10, Пецаковски, Јовановски, Донев, Димов 2, Андоновски 4, Мајнов 2, Т. Димовски 1, Крстевски, Фичорски, Јанчев, Михаљевиќ, Палевски 3, Спасовски
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер:
Печурица, Јовановски, Бошњак, С. Ристевски 1, М. Димовски, Димитровски 2, Талевски 3, Петровиќ 7, Ивановски 3, Буторац, Белистојановски 5, Х. Ристевски, Мијушковиќ 3, Блажевски 2
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 6 минути
Во следното осмо коло, следниот викенд, Еурофарм Пелистер 2 гостува во Охрид.