Еурофарм Пелистер – Охрид 32-24 (17-8)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер брзо го заборавија поразот од Вардар и тоа со убедлива партија против Охрид во денешната средба од 6. коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Фаворитот не дозволи никако изненадување и го реши противникот со 32:24 и тоа во средба во која победникот веќе се знаеше по првите триесет минути. Најефикасни кај победникот со по шест погодоци беа Ненад Костески и Жарко Пешевкси. Кај Охрид прв стрелец беше Ерај Каракоч со седум реализации.
Ракомет
Суперлига 2022/22
Плеј-оф – шесто коло
Еурофарм Пелистер – Охрид 32-24 (17-8)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Кузманоски 5, Кисум 1, Радовиќ 1, Танкоски, Хосни 1, Костески 6, Велковски 1, Петар Атанасијевиќ 3, Васиљев 2, Суси 2, Пешевски 6, Хенеберг 1, Павле Атанасијевиќ 2, Стевановиќ 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути
Охрид:
Миленковиќ, Ѕинсандзе, Речкоски, К. Андоноски 1, Рустамов 1, Дрогришки 1, Д. Андоноски 2, Василевски, Ристески, Тасески 4, Вјештица, Шешиќ 3, Коракоч 7, Бојаниќ 1, Цирар 4
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути
Во наредното коло Пелистер му гостува на Тиквеш во недела попладне.