Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 30-26 (15-13)
Во битката за плеј-офот во ракометната Супер лига, Еурофарм Пелистер 2 загуби на гостувањето во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци од Тиквеш со 30-26. Два црни периоди, по еден во двете полувремиња, беа кобни за битолчани. Кога на почетокот на вториот дел израмнија на 15-15, се чинеше дека момците на Зарков имаат енергија за пресврт. Сепак, Тиквеш додаде „гас“ и стигна до победа од четири гола разлика
Павле Петровиќ кај Еурофарм Пелистер 2 беше најефиксен со осум гола, а кај Тиквеш Кондев постигна седум.
Суперлига 2022/23
Плеј-оф – петто коло
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 30-26 (15-13)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Тиквеш:
Брауновиќ, Стојаноски, Анастасовски, Лазов, Постолов 2, Темелкоски 3, Велков, Соколов, Стефановиќ 3, М. Димовски 4, Кондев 7, Окардов, Шулески 2, Симиќ, Хамзиќ 5, Л. Петровиќ 4
Седмерци: 4/2
Исклучување: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Бошњак, С. Ристевски 1, И. Димовски, Димитровски 4, Талевски 1, П. Петровиќ 8, Ивановски 5, Буторац 1, Белистојаноски 3, Х. Ристевски, Мијушковиќ 2, Блажевски 1
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 16 минути
Во следното шесто коло од плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 в среда го пречекува Алкалоид.