Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 18-25 (7-12)
Во дуел во кој двете екипи ги покажаа своите карактеристики, Еурофарм Пелистер 2 загуби од Вардар 1961 со 18-25. од самиот почеток скопјани се наметнаа и со своето искуство го приведоа натпреварот кон крај.
После првите триесет минути во салата „Боро Чурлевски“ во Битола составот на Вардар 1961 имаше предност од 7-12. Најефикасен кај скопските „црвено-црни“ беше Манасков со 13 погодоци. На спротивната страна блескаше Петровиќ кој осумпати се запиша во листата на стрелците.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф
Четврто коло:
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 18-25 (7-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.000
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Бошњак, С. Ристевски 2, Стоилевски 1, Димовски, Димитровски, Талевски 1, Петровиќ 8, Ивановски 4, Буторац 1, Х. Ристевски, Маџовски, Белистојановски 1, Маџовски, Мијушковиќ, Блажевски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 8 минути
Вардар 1961:
Томовски, Гогов, Манасков 13, Јагуриновски 4, Аларов 1, Георгиевски 2, Добрковиќ, Карапалевски 1, Чувара, Талевски 3, Дутра 1, Атанасовски, Стојановски, Марковски, Ќосевски, Мишевски,
Седмерци: 8/6
Исклучувања: 2 минути
По четири кола Еурофарм Пелистер има една победа и три порази.