Еурофарм Пелистер – Пролет 32-26 (19-14)
Пелистер лесно се справи со Пролет и триумфираше со 32-26 во пресметката од четвртото коло во Суперлигата за да остане перфектен како и најголемиот ривал и првак Вардар, кој во Битола денеска го победи „помладиот брат“ на битолската гордост.
Ненад Костески со седум и Мартин Велковски со шест беа најефикасни кај Пелистер, а Ласко Андоновски даде осум кај Пролет. Пелистер и Вардар имаат максимални четири победи и по 12 бода пред првото меѓусебно дерби во плеј-офот.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф
Четврто коло:
Еурофарм Пелистер – Пролет 32-26 (19-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.500
Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Кузманоски 4, Кисум 5, Радовиќ, Танкоски 2, Костески 7, Дејвис, Кукоски, Велковски 6, Петар Атанасијевиќ 5, Васиљев 2, Суси 1, Пешевски, Хенеберг, Стевановиќ
Седмерци: /
Исклучувања: 2 минути
Пролет:
Петковски, Михаљевиќ, Василевски 6, Јанчев, Донев 1, Пецаковски 2, Димов 2, Андоновски 8, Мајнов, Димковски 1, Крстески 2, Стојановски, Фичорски 3, Палевски 1, Спасовски, Тотиќ
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер на 26 март гостува во Скопје кај Вардар 1961.