Еурофарм Пелистер - Војводина 30-25 (14-12)
Eурофарм Пелистер денес во салата Боро Чурлевски ја запиша првата победа во СЕГА лигата сезонава, а видовме и порака од навивачите кои го искажаа незадоволството за испаѓањето од групната фаза во Лига Европа.
Добро го отворија „пелистерци“ натпреварот и поведоа со 6-1, а Војводина со три гола успеа да се врати во игра. До крајот на првиот дел гостите од Србија се доближија уште повеќе, па на пауза македонскиот претставник имаше 14-12. Второто полувреме донесе изедначена игра се до последните десетина минути од натпреварот кога со една мини-серија битолскиот клуб се „одлепи“ (26-22) и не му дозволи на противникот да се врати во натпреварот. На крајот конечниот резултат гласеше 30-25.
На овој натпревар со девет гола се истакна Каспер Кисум, а одлична партија имаше и Вилсон Дејвис со седум погодоци. Кај гостите најдобар беше Никола Ковачевиќ со осум реализации. Марко Кизиќ собра 12 интервенции, а на спротивната страна Марко Драшко имаше една помалку.
Следниот СЕХА-предизвик за битолчани е домашниот дуел против Нексе Нашице на 14 март во „Боро Чурлевски“.