Селекторот на машката ракометна репрезентација,Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамките од квалификациите за Европското првенство во Германија. Од двата битолски суперлигаши повикани се: Марко Кизиќ, Мартин Велковски, Ненад Костески, Марио Танкоски, Павле и Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер) и Никола Стоилевски (Еурофарм Пелистер 2).
Репрезентацијата на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 јануари 2024 година во Германија.
Во рамките на ЕХФ неделата, македонските ракометари ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија. Првиот натпревар е закажан на домашен терен деветти март со почеток во 19:00 часот, а три дена подоцна нашите ракометари гостуваат во Порто.