РК Еурофарм Пелистер го започнува процесот на акредитирање на медиуми и медиумски работници за натпреварот од десеттото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје (28 февруари - 20:45 часот)
Дигиталните медиуми, ТВ, Веб ТВ и радио мораат да аплицираат директно во ЕХФ за добивање на акредитација за следење на натпреварот. Барањата за акредитации треба да се испраќаат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Сите барања испратени на други адреси нема да се разгледуваат. Носителот на ТВ права за територијата на Македонија нема потреба од акредитирање до клубот.
Новинарите од печатените медиуми и порталите, и фотографите треба да ги испратат своите барања директно до клубот најдоцна до три работни дена пред почетокот на натпреварот. Печатените медиуми, новинари и фотографи своите барања за акредитации треба да ги испратат директно на клубот на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Клубот го задржува правото да одбие некои од барањата во зависност од исполнетоста на медиа-трибината во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Акредитациите ќе бидат поделени на денот на натпреварот во медиа-центарот во спортската сала во Битола.