Пред четири дена Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека нов играч на клубот е српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ.
Овој 26-годишен лев бек со битолската екипа потпиша договор кој ќе трае до јуни 2024 година. Новото засилување ќе се обиде да му помогне на клубот да ја оствари главната цел, освојување на шампионската титула.
„Сакам да се заблагодарам на убавото гостопримство. Мило ми е што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по изработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба, да се претставам пред домашната публика. Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да ѝ помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула. Еурофарм Пелистер е квалитетна екипа и уште во летото кога играв тука како противник испратив пофални зборови за екипата, тренерот и секако за навивачите“, рече Стевановиќ на промоцијата.
Како што најавија од клубот, дебито на Стојановиќ ќе биде в сабота во салата „Боро Чурлевски“ во братското дерби против Еурофарм Пелистер 2.