Фуксе Берлин - Еурофарм Пелистер 34-25 (18-12)
Еурофарм Пелистер загуби на тешкото гостување кај Фуксе Берлин во деветтото коло на Европската лига на ЕХФ со 34-25 (18-12), но остана во игра за пласман во нокаут фазата.
Пелистер остана на шест бода во групата Д, на четврата позиција, бидејќи најблискиот зад него Агуаш Санташ, исто така беше совладан на гости, во Сакндерборг Архус, со 33-26. Сепак, последнопласираниот Мотор успеа да слави против Ирун Бидасоа со 33-31, па дојде на минус еден до Пелистер пред завршното коло, во кое битолчани ќе го пречекаат токму украинскиот тим. За да обезбедат пласман меѓу шеснаесетте најдобри екипи во Европската лига, битолчани сега во последното коло нема да смеат да си дозволат пораз од украинскиот Мотор Запорожје.
Матијас Гидсел ги предводеше стрелците со шест реализации, а пет даде Милош Вујовиќ. Кај пелистерци по пет пати погодуваа Каспер Кисум, Ненад Костески и Денис Васиљев.