Утре со почеток од 20:45 часот, ракометарите на Е. Пелистер му гостуваат на германскиот тим Фуксе Берлин. Ова е меч од деветтото коло коло во групата Д во Европската лига. Германците досега имаат осум победи во исто толку мечеви, и секако дека и против битолчани важат за големи фаворити.
Ларс Валтер
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Патуваме во Берлин со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и задравените ракиметари во нашиот систем. Суси се враќа во екипата, но превентивно нема да настапат Хенеберг и Ојлески. Овој натпревар против врвна екипа е шанса да покажеме што работиме овој период. Шанса ќе добијат и ракометари кои играа помалку во овој период. Се надевам дека ќе ја подобриме и нашата игра „шест на пет“, бидејќи имаме многу лош учинок со ракометар повеќе. Фуксе Берлин е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето.
Ненад Костески
(ракометар на РК Еурофарм Пелистер)
Се подготвуваме за натпреварот против Фуксе Берлин, иако немаме доволно време за припрема. Вчера игравме против Алкалоид, денес патуваме и имаме многу малку време да се спремиме. Знаеме каков противник имаме против себе, нема потреба да трошиме зборови за Фуксе Берлин, мотивира самата средба против ваква екипа. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па сигурен сум и верувам дека ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат.