Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 23-24 (13-9)
Неверојатен кам-бек направија избраниците на Алксандар Јовиќ во училиштето „Антон Димитров“, каде што ретко кој поминал лесно, веќе со години. Така изгледаше и на овој меч меѓу Бутел и Пелистер 2 во првиот дел, кога домаќините наметнаа темпо и поведоа убедливо.
Сепак, битолчани се вратија и со голот на Митревски на три секунди пред крајот стигнаа до голема победа.
Ракомет
Суперлига – плеј-оф
Второ коло:
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 23-24 (13-9)
Спортска сала „Антон Димитров“ - Скопје
Гледачи: 100
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев
Бутел Скопје:
Спасовски, Ф. Ивановски, Симјановски, Субашевски, Стојановски, Георгиевски 3, Николов 4, Крстевски 1, Мојсовски, Манасков 1, Блажевски, Јефтиќ 5, Василевски, Мајиќ 8, Давитковски 1
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Јанковски, Бошњак, Ристевски 2, Стоилевски 6, Митревски 2, Димовски, Димитровски 1, Петровиќ 6, М. Ивановски 3, Буторац 1, Белистојановски 2, Мијушковиќ 1, Блажевски
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 10 минути
По првите две кола екипата на Александар Јовиќ има една победа и еден пораз.