Еурофарм Пелистер – Алкалоид 27-25 (13-12)
Дербито од ракометната Суперлига на Македонија денес заврши со победа на Еурофар Пелистер против Алкалоид со 27-25. Победата за битолскиот тим во завршницата ја обезбеди Денис Васиљев со два гола.
Најефикасен играч на натпреварот беше токму Денис Васиљев со шест реализации, додека кај пелистерци по пет дадоа Кисум и Танкоски. Во таборот на Алкалоид се истакнаа Серафимов и Илиески со пет гола на своето конто.
Ракомет
Суперлига – плеј-оф
Второ коло
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 27-25 (13-12)
Спортска сала Боро Чурлевски – Битола
Гледачи: 2.000
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Црвени картони: Милорад Кукуловски (Еурофарм Пелистер) и Костадин Петров (Алкалоид)
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 2, Кисум 5, Радовиќ 3, Танкоски 5, Хосни 2, Костески 2, Вилсон. Кукоски, Велковски, Пет. Атанасијевиќ 2, Васиљев 6, Хенеберг, Пешевски, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 14 минути
Алкалоид:
Трајкоски, Галевски, Џонов 3, Петров 2, Маркоски, Стојков, Младеновиќ, Серафимов 5, Илиески 5, Стојковиќ 2, Митев, Ѓорѓиев 4, Иваноски, Симоноски, Петковски 3, Савревски 1
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 16 минути
Во следното коло се игра градскиот дуел на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.