Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 23-27 (8-9)
Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и со победа од 23:27 против Бутел Скопје го отвори плеј-офот на домашна сцена. Најдобар кај стрелците беше Мирко Радовиќ со седум постигнати гола, пред Себастијан Хененберг кој имаше пет реализации, додека Усама Хосни застана на бројката четири. Кај Бутел, Владимир Јефтиќ имаше шест, пред Мирко Мајиќ со пет гола.
Ракомет
Суперлига – плеј-оф 2022/23
Прво коло
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 23-27 (8-9)
Спортска сала „Антон Димитров“ - Бутел, Скопје
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Бутел Скопје:
Субашевски, Младеновски, Стојановски 2, Ѓеоргиевски 2, Николов 1, Ивановски, Крстевски 1, Мојсоски 2, Спасовски, Стојчевиќ, Манасков 1, Блажевски, Јефтиќ 6, Василевски, Мајиќ 5, Давитковски 3
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Кисум, Радовиќ 7, Танкоски 1, Хосни 4, Костески 3, Дејвис 3, Кукоски, Велковски, Пет. Атанасијевиќ 1, Дејвис, Васиљев 2, Пешевски, Хенеберг 5, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути
Во следното второ коло Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид.