Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 23-26 (11-14)
Еурофарм Пелистер 2 загуби од Охрид со 23-26 (11-14) на отворањето на плеј-офот во македонската ракометна лига. Изменетата екипа на Александар Јовиќ пропушти многу шанси да се врати во натпреварот и на крај беше казнета со пораз. Миленковиќ имаше серија на одбрани на охридскиот гол, а повратникот Стоилевски се истакна во битолскиот тим.
Натпреварот го следеа околу илјада љубители на ракометот, меѓу кои и „Чкембари“ и „Рибари“.
Ракомет
Суперлига – плеј-оф 2022/23
Прво коло
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 23-26 (11-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Јанковски 1, Бошњак, Ристевски 1, Стоилевски 8, Митревски 4, Димитровски, Талевски, Петровиќ 4, Ивановски 1, Буторац 1, Белистојановски 1, Маџовски, Мијушковиќ, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути
Охрид:
Миленковиќ 1, Речкоски, К. Андоноски 1, Рустамов 2, Дрогришки 7, Кочоски, Ѕинѕадѕе, Д. Андоноски, Василевски, Ристески, Тасески, Шешиќ 2, Каракоч 2, Бојаниќ 4, Боудрали, Цирар 7
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути
Во следното второ коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел Скопје.