Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови со младинскиот репрезентативец на Црна Гора, Богдан Мијушковиќ.
Новото засилување во редовите на битолскиот клуб е 20-годишен лев бек кој доаѓа од словенечкиот прволигаш Добива.
„Доаѓам од Црна Гора, од градот Бар. Настапував за Добова од Словенија, а тука во Битола дојдов на полусезона. Супер ми е тука, момците одлично ме прифатија, тренинзите се супер, тренерот и лигата се супер исто така. Мене ми преостанува да напредувам. Имаме млада екипа, мора да напредуваме, играме плеј-оф и едвај чекам да заиграм“, ни рече младиот лев бек.
Дебито во новата средина Мијушковиќ ќе го има утре попладне, кога во Битола гостува тимот на Охрид.