Данскиот интернационалец Каспер Кисум ги мина медицинските тестови по пристигнувањето во Македонија и денес официјално беше претставен пред медиумите во Битола. 30-годишниот Кисум доаѓа во Еурофарм Пелистер од Сондерјиске и попладнево за првпат ќе тренира со своите нови соиграчи. Неговото деби се очекува в сабота на натпреварот против Бутел Скопје.
Каспер Кисум
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Многу сум среќен што сум тука и моите први импресии се многу позитивни. Ги запознав луѓето до клубот, а попладнево првпат ќе тренирам со новите соиграчи. Малку видов од градот, убав е, а и ми допаѓа времето тука. Подобро е отколку во Данска. Едвај чекам да започнам да играм.
Не сум играл со македонски играчи, главно не ги познавам моите нови соиграчи. Секако дека го знам Себастијан Хенеберг, игравме еден против друг во Данска. Но, разговарав со мои колеги, кои играле со некои ракометари на Еурофарм Пелистер во други клубови, а и гледав три натпревари на мојата нова екипа. Ми изгледа како добра екипа и едвај чекам да започнам да работам.
Со нетрпение чекам да заиграм во нашиот дом во Битола. Слушав многу за публиката тука, за атмосферата која ја прават домашните навивачи и позитивната атмосфера. Верувам дека ќе започнам со победа во Суперлигата и Европската лига.
Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Каспер е скоро два метри, може да игра лев и среден бек, а и игра одбрана на позициите 3, 4 и 5. Искусен ракометар е, играл во Флензбург, Штургарт, Тулуз.. и не му треба треба многу време да се навикне на нас. Верувам дека веднаш ќе ни помогне.