Скандерборг Архус - Еурофарм Пелистер 24-22 (11-11)
Еурофарм Пелистер со пораз се враќа од гостувањето кај Скандерборг Архус, беше совладан со 24-22 (11-11) во рамките на седмото коло во Европската лига. За битолчани ова е четвртти пораз оваа сезона.
Еурофарм Пелистер имаше одличен прв дел на натпреварот во Данска. Постојано водеа и со лошиот финиш на полувремето прокоцкаа можност да заминат на одмор со водство.
Стартот на вториот дел тргна лошо за Еурофарм Пелистер. Домашните погодија три пати во серија за 14-11, а првиот гол битолчани го постигнаа по седум минути. Во еден момент Сканерборг Архус имаше и осум разлика, но со одличен финиш македонскиот вицешампион дојде до финални 24-22.
Најдобри стрелци во нашиот тим беа Пешевски и Радовиќ со по четири гола, Лесјак имаше 12, а Кизиќ во финишот исто така беше одличен со шест одбрани од 11 шута кон неговиот гол.
Во следното осмо коло, следниот вторник од 20:45 часот, Еурофарм Пелистер го пречекува Агуаш Санташ од Португалија, единствената екипа во групата без победа.