Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го загуби и вториот меч во СЕХА лигата во новата сезона, поточно беше поразен од Нексе во Нашице со 29-25.
Битолчани имаа осцилации во играта и поради тоа беше многу тешко да се извлече поволен резултат против хрватскиот претставник кој многу добро знае како се играат овие натпревари.
Поразот го анализираа тренерот Валтер и ракометарите Петар Атанасијевиќ и Марио Танкоски.
Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Сакам да му честитам на домашниот тим за победата и добриот меч. Видливо е дека ние имаме проблеми со повреди. Клучниот момент беше кога добивме две исклучувања. А едноставно не можеш да преживееш така против одличен тим како Нексе. Среќен сум што се враќавме во мечот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, а потоа следат два дена одмор кои ќе ги искористиме за анализа пред мечот во Данска.
Марио Танкоски.
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Ова беше заслужен триумф на Нексе. Ние ќе го дадеме најдоброто за да продолжиме напред и да научиме што е можно повеќе од овој пораз.
Петар Атанасијевиќ
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Дадовме сè од себе, се боревме до крај, но Нексе Нашице беше подобар ривал и честитки за нивната борбеност. Некои наши играчи се повредени, некои подлегнаа на операции, имавме и тежок пат, па сето тоа влијаеше на овие натпревари. Но одиме понатаму, ни следат уште мнигу натпревари.