Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групна фаза во Купот на Македонија, во машка и женска конкуренција.
Екипите ќе бидат поделени во четири групи од по четири екипи и идентично како и во минатите сезони ќе се игра полуфинале и финале.
Група 1:
Вардар – Охрид; Јуниор КВ - Скопје
Група 2:
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2; Голден Арт - Пролет
Група 3:
Бутел – Алкалоид; Вардар Неготино - Прилеп
Група 4:
Струга – Тиквеш; Куманово – Еурофарм Пелистер
Натпреварите од Купот на Македонија е предвидено да се играат во средината на месец март. Бранител на трофејот е Вардар, кој минатата сезона во возбудливо финале во Кавадарци го совлада Еурофарм Пелистер.