Еурофарм Пелистер вечерва беше убедливо поразен во Нови Сад на гостувањето кај Војводина. Српскиот шампион славеше убедлива победа од 29-24. Битолскиот клуб денес одигра очајно второто полувреме во кое Војводина ја направи разликa. На прес-конференцијата натпреварот го анализираа Ларс Валтер и Вилсон Дејвис.
Ларс Валтер
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Агресивната 6-0 одбрана на Војводија ја „уби“ нашата флуидност. Од таа агресивност не можевме да напаѓаме како што планиравме. Не трчавме многу без топка и покажавме физичка инфериорност. Сепак, тоа е заслуга и на нашиот противник. Не работевме комплетни овој месец и ритамот ни е пореметен. Но, нема изговори, загубивме од подобар тим и треба само да работиме за да се подобриме.
Вилсон Дејвис
(РК Еурфарм Пелистер)
Честитки за Војводина за заслужената победа. Беа добри во одбрана и помалку грешеа. Не сме среќни со овој пораз, но половина од тимот беше на Светско првенство и не работевме заедно. Мора да анализираме каде погрешивме и да се поправиме за наредниот натпревар.
Битолчани утре патуваат за Хрватска, каде в четврток гостуваат кај Нексе во вториот натпревар од група Б на регионалната лига.