Војводина - Еурофарм Пелистер 29-24 (14-14)
Македонскиот претставник во СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер тргна со пораз во новата сезона. Тимот на Ларс Валтер загуби со 29-24 (14-14) на гостувањето кај Војводина во Нови Сад. Во првиот дел беше израмнето, така и се отиде на одморот, 14-14, но битолскиот тим падна во вториот дел и на крајот загуби убедливо со пет голови разлика 29-24.
Само Ненад Костески покажа офанзивна зрелост со седум погодоци, а фантастичен беше и Кизиќ со седум одбрани само во вториот дел.
Следниот меч за Пелистер в четврток на гости кај Нексе.