b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_01_lars-valter-pelister-.jpg

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес ќе ја стартуваат авантурата во новата сезона од СЕХА лигата. Пелистерци за прв ривал од групната фаза го имаат незгодниот состав на Војводина, кој на денешниот дуел ќе атакува на втора победа.

Натпреварот го најавија тренерот Ларс Валтер и Марко Кизиќ.

 

 

Ларс Валтер
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Тешко е да се подготват овие два натпревари, бидејќи немаме брзина во нозете. Практично ова ни се први натпревари годинава. Суси не е најподготвен, Велковски исто така, па двајцата ќе останат во Битола. Ќе патуваме со здравите ракометари и ќе видиме како ќе одиграме. Репрезентативците се вратија и изгледа дека ќе бидат спремни да играат. Но, ги немавме на тренинг во Битола и првпат ќе ги видиме на патувањето за Нови Сад.

Не сакаме да ризикуваме со Суси, тој е многу важен ракометар за нас и ќе остане да работи во Битола. Изготвивме специјална програма за него и ќе работи со нашиот кондиционен тренер, Се надевам дека добро ќе му дојде оваа недела.

Го гледав натпреварот меѓу Војводија и Нексе Нашице и можам да кажам дека Нексе не играше како што нормално игра. Војводина играше без репрезентативците, но цела зима се заедно и може да се види дека добро се познаваат, воиграни се и играат убаво. Имаат ритам на натпреварите и во тој поглед се еден чекор пред нас. Треба да играме минута по минута и да видиме што ќе направиме.

 

 

Марко Кизиќ
(РК Еурофарм Пелистер)
Дали натпреварите се прерано или навреме не би можел да ви кажам. Голем дел на тимот беше тука од старт на подготовките и имавме доста време да се подготвуваме. Добри ќе ни дојдат овие два натпревари, ни требаат квалитетни ривали за да го подигнеме ниво. Напорно ќе ни биде на три фронти оваа полусезона, но ќе мора да издржиме. Спремни сме, очекуваме да ни се приклучат уште неколку ракометари од повреди и одиме на победи.

Војводина покажа дека игра квалитетен ракомет и донесе доста засилувања. Квалитетен тим е, заслужуваат почит. Сепак, ние веруваме во нас и патуваме во Нови Сад по победа. Нексе ни е познат противник, сме играле против нив и во Европската и во СЕХА лигата, Сезонава тимот им е малку изменет оваа сезона, но структурата им е иста.

Српско-македонскиот дуел во Нови Сад ќе го водат словачките судии Борис Мандак и Марио Рудински.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723