РК Еурофарм Пелистер 2 спогодбено го раскина договорот со ракометарот Дејан Кукуловски. Иако договорот имаше важност до јуни 2023 година двете страни се договорија да ја завршат ракометната приказна стара две и пол години. 24-годишниот Кукуловски дојде во Битола во јуни 2020 година и настапуваше за Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Оваа полусезона ја мина во дресот на Еурофарм Пелистер 2 и ја оствари целта со пласманот во плеј-офот.
РК Еурофарм Пелистер му посакува многу успех во понатамошниот тек на кариерата на Дејан Кукуловски.