Еурофарм Пелистер 2 – Јуниор Кисела Вода 33-23 (14-12)
Еурофарм Пелистер 2 со рутинска победа над тимот на Јуниор Кисела Вода (33-23) стигна до третото место во групата Б од Суперлигата, што им носи на избраниците на тренерот Јовиќ предност од еден бод во однос на Тиквеш и Охрид, кои се четвртопласирани во двете групи.
Ивановски со седум и Атанасијевиќ со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот тим.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
14. коло
Еурофарм Пелистер 2 – Јуниор Кисела Вода 33-23 (14-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 400
Судии: Горан Ангелевски и Рубинчо Седлоски
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Јанковски, Ристевски 2, Кукуловски 1, Митревски 4, Димовски, Димитровски, Талевски 1, Петровиќ 5, Пет, Атанасијевиќ 6, Ивановски 7, Буторац 2, Југовски 2, Блажевски 2, Арсеновски 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 8 минути
Јуниор Кисела Вода:
Бардакоски, Ацевски, Фидановски 2, Николовски, Крстески, Николовски 2, Лапов 1, Николов 1, Трајчевски, Крстевски 2, Ристовски 1, Митровиќ 4, Симоноски, Андреевски 5, Петровски 5
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути
Следи зимска пауза до почетокот на февруари, кога најдобрите осум екипи ќе се борат за титулата и европските места.