b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_12_mirko_i_slavko.jpg

Со тринаесет победи во четиринаесет натпревари во групата Б на Суперлигата, пет од можните дванаесет бода по шест натпревари во Европската лига и освоен Суперкуп на Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ја завршија полусезоната.

Од денес ракометарите се на заслужен одмор, а тренерот и капитенот го анализираат оствареното.

Ларс Валтер
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)

Многу сум среќен сум што сум тука, што запознав многу нови луѓе во клубот, но и на улица. Драго ми е што ја запознав културата на оваа земја и овој град. Среќен сум за тоа. Не загубивме ниту една титула сезонава, во добра позиција сме во Европската лига да ја поминеме групата, можеби и да исчекориме чекор понапред. Одлично ја почнавме сезоната, потоа нè снајдоа многу повреди и морам да им честитам на моите ракометари што никогаш не се жалеа, туку напорно работеа секојдневно. На крај тоа ќе ни биде од голема помош, бидејќи веќе знаеме како е да се биде заедно во лоши времиња. Се надевам дека тие ги оставаме зад нас и кога ќе се вратиме по Божиќ, Суси ќе ни се врати, останатите исто така ќе бидат со нас и ќе изгледаме поинаку. Во последните седум недели игравме преспоро, а кога немаш многу што да промениш играш поспоро и поинаку. Мора да го вратиме стилот од пред седум недели. Но, јас сум многу позитивен, имаме одлична група на луѓе, кои се борат еден за друг. Тимот е обединет и верувам дека така ќе биде цела сезона и тоа ќе ни биде од голема помош.

Мирко Радовиќ
(капитен на РК Еурофарм Пелистер)

Ја завршивме полусезоната, малку „ранети“, но одиме на заслужен одмор. Машки се боревме овие четири месеци, имаше успони и падови, но останавме заедно како екипа и кога да беше тешко покажавме карактер. Успеавме да пренесеме тоа што требаше да пренесеме во вториот дел на сезоната, ги исполнивме сите зацртани цели. Остваривме историски резултат во СЕХА лигата, го освоивме Суперкупот на Македонија, го освоивме и турнирот во Струга на почетокот на сезоната, а во групата на Европската лига имавме успони и падови. Мислам дека на позитивен начин ја завршуваме оваа сезона. Треба да продолжиме да градиме и да се радуваме на она што нè чека во вториот дел на сезоната.

Оваа полусезона нè снајде сè што можеше да нè снајде што се однесува до повредите. Се надевам дека зимата ќе ја пречекаме здрави, верувам дека нема да има повредени играчи и да влеземе свежи и спремни и мислам дека ќе имаме на што да се радуваме. Одиме на заслужен одмор, среќни празници на сите и здрави да се вратиме на вториот дел од сезоната.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723