Еурофарм Пелистер – Пролет 37-25 (17-18)
Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога против Тинекс Пролет со 37-25 во рамките од 14. коло одгрупата Б на македонската Суперлига. Натпреварот немаше никакво резултатско значење бидејќи Еурофарм секако беше првопласиран, а Тинекс Пролет втор во групата.
За Еурофарм Пелистер доминираше Костески со девет голови, а на спротивната страна Џонов, Јагуриновски и Палевски постигнаа по пет гола за Тинекс Пролет.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
Еурофарм Пелистер – Пролет 37-25 (17-18)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи:
Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ристевски, Ојлески, Маџовски 4, Кузманоски 2, Стоилевски 1, Радовиќ, Танкоски 5, Хосни 3, Костески 9, Ѓорговски, Васиљев 4, Пешевски 3, Хенеберг 5, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути
Пролет:
Петковски, Аларов 4, Пецаковски, Јовановски, Донев 2, Додевски 1, Димов, Андоновски 3, Џонов 5, Мајнов, Крстески, Стојановски, Фичорски, Михаљевиќ, Јагуриновски 5, Палевски 5
Седмерци: /
Исклучувања: 8 минути
Како најуспешна екипа во групата Б, Еурофарм Пелистер пренесува максимални три бода во плеј-офот напролет.