Еурофарм Пелистер - Бидасоа Ирун 29-29 (17-16)
Во својот шести натпревар сезонаваа во Европската лига составот на Еурофарм Пелистер ремизираше во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со 29-29 против Бидасоа Ирун од Шпанија. Избраниците на Ларс Валтер стекнаа убава позитива во текот на првото полувреме кога водеа со 16-12. Но, на крајот можеа и да бидат поразени, бидејќи гостите во финишот имаа 23-26.
На 20 секунди до крајот на средбата македонскиот вицешампион успеа да освои бод благодарение на погодокот на Танкоски. Нашиот репрезентативен плејмејкер запиша седум погодоци на овој меч, поефикасен од него беше само Тунижанецот Хосни со осум голови.
На табелата во групата Д по шест кола води Фуксе Берлин со максимални 12 бодa, пред Скандерборг Архус кој има осум. Трета е Бидасоа со седум бодови, на четвртата позиција е Еурофарм Пелитер со пет, претпоследен Мотор Запорожје со три, а последен е Агуаш Санташ со еден бод.