Бидасоа Ирун - Еурофарм Пелистер 32-20 (20-12)
Еурофарм Пелистер не успеа да дојде до третата победа во Европската лига. Загуби на гостувањето кај Бидасоа Ирун со високи 32-20 (20-12) во битката за третото место на табелата во групата Д.
Македонскиот вицепрвак мечот го загуби во првото полувреме, во овој дел постигна 12 поени, а прими 20. Покрај ова имаше многу технички грешки (14), па против еден противник како што е Бидасоа истите се недозволиви. Кизиќ со осум одбрани беше единствената светла точка. Хенеберг имаше пет гола од девет обиди, Танкоски запиша четири од осум обиди.
Попладнево Фуксе Берлин го совлада Архус со 30-24, вечерва Агуаш Санташ и Мотор Запорожје играа без победник (26-26).
До крајот на европската полусезона, пелистерци ќе одиграат уште еден натпревар и тоа повторно против шпанскиот тим. Возвратниот дуел се игра во Битола за седум дена.