Еурофарм Пелистер - Фуксе Берлин 34-43 (14-22)
Еурофарм Пелистер претрпе втор пораз во групата на Лига Европа на ЕХФ, откако македонскиот вицепрвак загуби на домашен терен од Фуксе Берлин со убедливи 34-43. Битолчани играа сериозно ослабени поради неиграњето на Хосни и Суси, а проблем повеќе за тренерот Валтер е повредата што во второто полувреме ја заработи Руди Сери.
Фуксе Берлин во Битола допатува како голем фаворит, што и целосно го оправда. Неизвесно беше само во првите десетина минути, додека беше 5-5, потоа германскиот тим направи серија, се одлепи и го имаше мечот под контрола до самиот крај.
Киреев запиша 15 одбрани, со 40% успешност, а Лесјак и Кизиќ имаа десет одбрани. Жарко Пешевски броеше до осум гола, капитенот Мирко Радовиќ постигна шест, а Ненад Костески и Марио Танкоски по пет. Црногорецот Милош Вујовиќ му даде девет гола на Пелистер.