Во вторник со почеток од 18:45 часот екипата на Еурофарм Пелистер ќе го игра својот трет натпревар сезонава во групната фаза на Европската лига. Следен ривал на македонскиот вицешампион во салата „Боро Чурлевски“ – Битола ќе биде Фуксе Берлин од Германија.
Играчите на тренерот Ларс Валтер во првите два натпревари од групата Д загуби дома од Скандерборг Архус со 27-30, а потоа триумираше на гостувањето кај Агуас Санташ со 27-29.
Ларс Валтер има многу проблеми со составот во овој момент и вели дека ќе биде тешко на утрешниот меч.
„Имаме многу проблеми во овој момент. Суси само што се оперираше, Руди чека на операција и дава 200% од себе. Чувствува болка, но уште игра. Хосни е надвор од тимот, Костески против Радовиш не настапи, Себастијан Хенеберг е пак со нас по една недела болест. Не знам колку од овие момци ќе играат во вторник. Ни треба поддршка, затоа што ќе биде тешко. Ќе дадеме што имаме и верувам дека со помошта на луѓето во Битола ќе бидеме достојни. Ќе биде многу тешко, Фуксе Берлин е број еден во Бундеслигата, брз тим се. Играа во неделата и можеби нема да бидат во полна сила. Два дена по нашиот натпревар имаат натпревар со Рајн Некар Левен. Можеби тука е нашата шанса. Можеби 10% ќе бидат послаби, ќе бидат уморни, ќе мислат на следниот натпревар. Ние треба да го дадеме најдоброто од нас, да одиграме 60 минути и ако го направиме тоа – можеби ќе извлечеме нешто. Во оваа сала сè е можно“, заврши Валтер.
Фуксе Берлин досега запиша две победи против Мотор Запорожје (27-38) и над Бидасоа Ирун (34-29).