Радовиш – Еурофарм Пелистер 23-36 (12-20)
Еурофарм Пелистер забележа убелдива победа против Радовиш во рамките од 11. коло. Домаќините не дозволија изненадување и од самиот почеток доминираа на теренот, по 30 минути игра „пелистерци“ водеа со 20-12. Во второто полувреме сликата на теренот не се промени и предноста на разиграниот фаворит само растеше за на крајот да слави победа од тринаесет голови разлика 36-23.
Никола Стоилевски беше најдобар кај домашниот тим со седум гола, додека Органџиев и Вјештица постигнаа по седум гола за Радовиш.
Ракомет
Суперлига
Група Б
11. коло
Радовиш – Еурофарм Пелистер 23-36 (12-20)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкуловски
Радовиш:
Паунов, Костадинов, Марков 1, Јорданов 1, Постолов 5, Ѓорѓиев 1, Органџиев 6, Ончев, Вјештица 6, Чалов, Трајанов, Атанасов, Трајчевски 3, Костадиновски
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 5, Маџовски, Кузманоски 4, Стоилевски 7, Радовиќ 1, Танкоски 2, Дејвис, Кукоски 1, Ѓорговски 4, Васиљев, Пешевски 6, Сери 2, Хенеберг 1, Пав. Атанасијевиќ 3
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 6 минути
Веќе во вторник Еурофарм Пелистер се среќава со Фуксе Берлин во третото коло на Лига Европа на ЕХФ, а следниот викенд на домашен терен игра со Јуниор Кисела Вода.