Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло на Европската лига. По тринеделна пауза продолжуваат дуелите од машките евро-купови, а во вторник попладне во Битола доаѓа бундеслигашот Фуксе Берлин.
Натпреварот на битолчани со еден од фаворитите за освојување на трофејот во второто по квалитет натпреварување во Европа ќе го водат унгарски судии. Адам Биро и Оливер Киш се делегирани за овој дуел, а делегат на натпреварот е Хрватот, Владимир Сокол. Дуелот ќе се игра на 22 ноември во 18:45 часот, а билетите ќе бидат пуштени во продажба в петок наутро.
Во првите две кола Еурофарм Пелистер има една победа и еден пораз, а бундеслигашот од Берлин има две победи.