Голден Арт – Еурофарм Пелистер 18-31 (7-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа осмата победа во шампионатот, откако во вториот натпревар од деветтото коло во Скопје го надигра Голден Арт со 18-31 (7-12). Иако играа без Кизиќ, Велковски и Хосни битолчани сепак беа пресилни за новиот суперлигаш.
Во првите дванаесет минути екипата на Валтер не прими гол и го трасира патот до победата. Лесјак се разбрани, а со одличен финиш на полувреме се замина со +5. Вториот дел започна со серија 3-0 на битолчани и предноста брзо стана двоцифрена. Лесно и без многу напор Еурофарм Пелистер извојува победа од 18-31.
Ракомет
Суперлига
Група Б
Деветто коло:
Голден Арт – Еурофарм Пелистер 18-31 (7-12)
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 100
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Голден Арт:
Даскаловски, Виларов, Трајковски 4, Даев 2, Гучески 1, Шилегов 3, Јанковски, Рајатовски 2, Миланов 2, Павличковски, Илиев, Мандиќ, Милошески 2, Гошевски 1, Дрпљанин, Гајиќ 1
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Ристевски, Ојлески 5, Кузманоски 2, Радовиќ, Танкоски 2, Костески 7, Дејвис, Кукоски, Ѓорговски, Васиљев, Суси 1, Пешевски 5, Сери 2, Хенеберг 3, Пав. Атанасијевиќ 4
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 8 минути
Во следното коло Еурофарм Пелистер го игра градското дерби против Еурофарм Пелистер 2.