Скопје – Еурофарм Пелистер 20-25 (9-12)
Еурофарм Пелистер дојде до седмата победа во осмиот меч од Суперлигата, но пелистерци повторно мораа да се помачат за да слават. Вечерва го победија Скопје со 20-25. Битолчани тргнаа фуриозно и изгледаше дека овојпат нема да имаат проблеми и лесно ќе слават. На самиот старт поведоа со 1-6, меѓутоа Скопје не предаваше и до крајот на првиот дел ја преполови разликата (9-12).
Во вториот дел Скопје се врати во егал и изедначи на 14-14, потоа и 17-17. Тогаш битолскиот состав ја направи клучната серија од 0-3 со која исчекори кон победата. До крајот фаворитот не го испушти водството и славеше победа.
Ракомет
Суперлига – група Б
Осмо коло:
Скопје – Еурофарм Пелистер 20-25 (9-12)
Спортска сала „Форца“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски
Скопје:
Стојковски, Мишевски 2, Чакалиќ, Тркалевски, Јакимовски 4, Радовановиќ, Митиќ 2, Христов, Пешкирски 1, Грујовски 2, А. Пешевски 1, Стојановски, Киселовски 2, Рангелов, Блажевски, Трајковски 6
Седмерци: /
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Ристевски, Ојлески 3, Кузманоски 3, Стоилевски, Радовиќ 3, Танкоски, Хосни, Костески 3, Куковски, Ѓорговски, Васиљев 1, Ж. Пешевски 1, Сери 4, Хенеберг 6, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 8 минути
Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер се среќава со помладиот „брат“ Еурофарм Пелистер 2.