Еурофарм Пелистер - Архус 27-30 (12-16)
Еурофарм Пелистер со пораз тргна во ЕХФ Европската лига откако го загуби мечот од Скандерборг Архус со 27-30 на домашен терен, пред битолската публика. Навивачите на Пелистер им дадоа одлична поддршка на своите ракометари, но тие ги разочараа.
Почетокот не даваше впечаток дека ќе биде така, Еурофарм Пелистер имаше водство од 7-3, водеше и 10-7 и тогаш почнаа работите да се менуваат. Македонскиот тим падна, Данците се разиграа, направија пресврт и на полувремето заминаа со водство од 15-12.
Во вториот дел Архус само ја одржуваше предноста, Пелистер само во еден момент успеа да дојде на еден негатива, но тоа беше се што направија. Конечниот резултат беше 27-30 за гостите.
Хененберг и Хосни со по пет гола ги предводеа стрелците, по четири имаа Кузманоски и Костески, додека и двацата голмани завршија со по шест интервенции. Вистинска ноќна мора за Пелистер беше 20-годишниот репрезентативец на Фарски Острови, Хакун Вест Ав Теигун со 11 гола од 13 удари.
Во следното коло Еуорфарм Пелистер гостува во Португалија кај Агуаш Сантaш, идниот вторник.